• сабота, 27 април 2024

За Париз проширувањето на ЕУ би било - „мала револуција“

За Париз проширувањето на ЕУ би било - „мала револуција“

Париз, 2 јуни 2023 (МИА) - Проширувањето на Европската унија во Украина, а можеби и на десетина земји, „е мала револуција“, изјави денеска за радио Европа 1, француската државна секретарка за европска политика.

„Главното прашање не е дали треба да се прошири и кога (...) Главното прашање е како“, рече Лоренс Бун по враќањето од Молдавија, каде заедно со претседателот Емануел Макрон учествуваше на самитот на европската политичка заедница.

„Бидејќи десет земји се на листа на чекање, тоа ќе биде голем удар за Европската унија“ со кој ќе треба да се „менаџира“, посочи таа.

На тие земји не само што треба да им се помогне во спроведувањето на неопходните реформи за влез во ЕУ, туку тој мора да се подготви и за нивното доаѓање.

„Тоа вклучува преглед на нашите политики, промени во буџетот и институциите“, објасни таа, истакнувајќи дека тоа ќе биде „работа за следната деценија“.

Истовремено, таа посочи дека проширувањето на ЕУ е неопходно во околностите на војната во Украина. зш/

Остани поврзан