МКС ги нарече американските санкции флагрантен напад врз независноста на таа институција
- „Овие санкции се очигледен напад врз независноста и непристрасноста на судската институција“, се вели во соопштението на Судот со седиште во Хаг.
Хаг, 20 август 2025 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска објави дека санкциите на САД насочени кон четири службени лица претставуваат флагрантен напад врз независноста на институцијата.
„Овие санкции се очигледен напад врз независноста и непристрасноста на судската институција“, се вели во соопштението на Судот со седиште во Хаг.
Американските власти претходно денеска објавија дека воведуваат нови санкции против француски и канадски судии, како и двајца обвинители во МКС.
Таа мерка доаѓа како дополнување на санкциите објавени на почетокот на јуни, кои беа насочени кон уште четири судии на МКС, додека во февруари САД го санкционираа обвинителот на МКС, Карим Кан. зш/