• сабота, 13 декември 2025

Протести на поддржувачи на СНС закажани за вечерва во 40-на градови низ Србија

Протести на поддржувачи на СНС закажани за вечерва во 40-на градови низ Србија

Белград, 20 август 2025 (МИА) - Лојалистите на Александар Вучиќ и на Српската напредна странка најавија собири за вечерва на речиси 50 локации во државата. Протести ќе се одржат во бројни градови и општини, од Војводина до централна Србија.

Собири се планирани во 44 единици на локална самоуправа во Војводина и во шест градови во централна Србија. Собири досега се потврдени во Панчево, Суботица, Стара Пазова, Лесковац, Пожаревац, Врање, Бор, Лозница и други градови.

На социјалните мрежи беше раширено видео со повик за „борба против блокадите“, а видеото го сподели претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, кој е и советник за регионални прашања на претседателот на државата.
„Доста им е блокада. Ја сакаат назад својата Србија. Видовме што нудат блокадите, тоа е политика без политика, луѓе без лица. Граѓаните сакаат да знаат кој ја води земјата и сакаат живот во мир. Ги поканувам на мирен и демократски собир“.

Студентите и собирите на граѓани ги повикаа своите поддржувачи да останат дома за да избегнат конфликти. зш/

Остани поврзан