• среда, 02 октомври 2024

За натпреварите со Летонија и со Ерменија Милевски повика 25 фудбалери

За натпреварите со Летонија и со Ерменија Милевски повика 25 фудбалери

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10 октомври) и против Ерменија во Ереван (13 октомври) од Лигата на нации. 

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери: 

голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски;

одбрана: Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков и Андреј Стојчевски;

среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Тихомир Костадинов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски, Димитар Митровски;

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили и Марио Илиевски. зс/

Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан