• петок, 29 март 2024

За една недела санкционирани 177 непрописно паркирани возила во општина Центар

За една недела санкционирани 177 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа вкупно 177 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 29 мај до 4 јуни со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, како што се наведува во соопштението, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. дма/са/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан