• недела, 14 јули 2024

Захарова: САД да направат попис на нивните политики за поттикнување омраза

Захарова: САД да направат попис на нивните политики за поттикнување омраза

Москва, 14 јули 2024 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова по повод обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, истакна дека САД треба да направат „инвентар на своите политики за поттикнување на омраза против политичките противници, земји и народи“.

Таа говорејќи за атентатот врз Трамп ја осуди поддршката на САД за Украина.

- Можеби е подобро сите тие пари да се употребат за финансирање на американската полиција и другите служби кои можат да обезбедат ред и закон во САД, напиша Захарова на Телеграм.

Телевизијата РТ (Раша тудеј) објави дека „кога ќе се исцрпат сите други средства за ослободување од претседател кој пречи, во игра влегува стариот добар Ли Харви Освалд“, алудирајќи на убиецот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди во 1963 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан