• петок, 26 април 2024

Започнува со работа новиот Центар за корисници на делчевското комунално претпријатие

Започнува со работа новиот Центар за корисници на делчевското комунално претпријатие

Делчево, 27 февруари 2024 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Брегалница" Делчево го става во функција новиот Центар за корисници.

Центарот е со седиште на новиот Градски пазар, а истиот официјално ќе започне со работа претстојната сабота.

-Со цел подобрување на услугите кон вас граѓаните, оваа сабота 02.03.2024 год, ќе започне со работа Центарот за корисници на ЈКП „Брегалница“ со седиште на новиот Градски пазар. Центарот за корисници ќе биде отворен секоја сабота, со работно време 07:00 - 15:00 часот, информираа од претпријатието.


Во Центарот за услуги како што додадоа ќе има повеќе наменска функција.

-Услуги кои потрошувачите ќе можат да ги користат се: Плаќање сметка, пријавување состојба на водомер (со слика), вадење на копија од сметка за вода, барање за промена на водомер, пријавување на дефект и добивање инструкции за плаќање на сметка и пријавување на состојба on line (преку web страната на ЈКП „Брегалница“), посочуваат од претпријатието.


Отворањето на центарот е дел од проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“ поддржан од Швајцарската Влада, во мерката корпоративен развој на претпријатието.вс/свс

Фото: МИА

Остани поврзан