Започна средбата на Макрон со Рубио и Виткоф во Елисејската палата
- Францускиот претседател Емануел Макрон започна разговори за војната во Украина со американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.

Париз, 17 април 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон започна разговори за војната во Украина со американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.
Претходно, францускиот лидер телефонски разговараше со неговиот украински колега Володимир Зеленски, соопшти Елисејската палата.
Средбата се одржува шест дена по средбата меѓу Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин. паг/
Фото: ЕПА