• четврток, 18 декември 2025

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Тел Авив, 18 јуни 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка во одбраната на небото на Израел“, додека Израел напаѓа цели во Иран шести ден по ред.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на државата Израел“, рече Нетанјаху во телевизиска изјава.
„Му се заблагодарувам што е на наша страна и му се заблагодарувам за поддршката на САД во одбраната на небото на Израел“. зш/

Остани поврзан