• понеделник, 23 декември 2024

Започна рехабилитацијата на земјоделскиот пат во Долни Бавчи

Започна рехабилитацијата на земјоделскиот пат во Долни Бавчи

Делчево, 20 февруари 2023 (МИА) - Во Делчево започна рехабилотацијата на земјоделскиот пат кој води до месноста Долни Бавчи. Со проектот земјоделците кои имаат земјоделски површини и објекти во месноста, за прв пат добиваат соодветна патна инфраструктура. 

Како што информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, рехабилитацијата која е во должина од 1 километар, започна од мостот на улицата „Индустриска“ покрај реката Брегалница во месноста Долни Бавчи.
 
-Со реализацијата на овој проект ќе се реши проблемот со пристапот до земјоделските површини и индивидуалните земјоделски стопанства во месноста Долни Бавчи во Делчево. Со тоа се решава уште еден проблем на земјоделците и се одговара на нивните долгогодишни барања, бидејки сведоци бевме дека при поројни дождови беше оневозможено движењето со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште на овој терен. Затоа рехабилитацијата на овој земјоделски пат, значи, полесен пристап до земјоделските површини или до нивните индивидуални земјоделски стопанства, рече Трајковски.
 
Општината, како што додаде ќе продолжи да го слуша гласот и потребите на граѓаните и бараме трајно решавање на проблемите со сериозен пристап кон работата.
 
-Рехабилитацијата на земјоделскиот пат во Долни Бавчи се реализира преку Центарот за развој на ИПР во рамките на проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во ИПР“ на МЗШВ, а вредноста на Договорот за изградба на овој земјоделски пат е 1.170.855 ден. Изведувач на работите е СД-ТРАНС, рече Трајковски. 
 
Освен земјоделскиот пат во Долни Бавчи, за оваа година, како што додадоа од Општината е планирана и рехабилитација на земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи. 
 
Со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе се рехабилитираат 800 метри од патот, а планирано е негово проширување на 4,5 метри. Финансиската поддршка од Агенцијата е во износ од околу 999.968 денари. Минатата година беше завршена рехабилитацијата на земјоделскиот пат с. Вирче - с. Град во должина од 1.320 метри. вс/дма/

Остани поврзан