• петок, 25 октомври 2024

Започна реконструкцијата на улицата Борис Кидрич во Тетово

Започна реконструкцијата на улицата Борис Кидрич во Тетово

Тетово, 25 октомври 2024 (МИА) - Започна реконструкцијата на улицата „Борис Кидрич“ која општината одлучила да ја направи булевар. Улицата ќе има посебни сообраќајни ленти, пешачка и велосипедска патека, а реконструкцијата ќе изнесува околу 12 милиони денари.

-Се работи за модерна инфраструктура и нов концепт на патната инфраструктура на градот каде ќе имаме пешачка патека  во средината на булеварот, а сообраќајот ќе се одвива од двете стани на патеката. Концептот е овој дел од булеварот да биде продолжување на градскиот плоштад. Од двете страни на пешачката патека предвидено е да има зеленило, патека за велосипеди и тротоар на рабовите од сообраќајницата. Ако не послужат временските услови, булеварот треба да биде завршен за 4 месеци. Целата инвестиција ќе се реализира во две фази, првата е 5 милиони денари и опфаќа подготвителни работи и тампонирање и втората фаза асфалтирање која ќе чини околу 7 милиони денари, изјави Касами.

За реконструкцијата на улицата ќе се исечат триесетина големи иглолисни и листопадни дрва кои оваа улица ја правеа најзелена во градот. Касами вели дека морало да се сечат бидејќи биле стари.

-Имаме елаборат од соодветен инженер за таа проблематика кој направи соодветно решение. Овие дрвја, поради тоа што се застерени ќе бидат исечени и ќе биде посадено ново зеленило и тоа повеќе отколку што го има сега и ова е согласно елаборатот за заштита на животната средина, вели Касами. ас/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан