• сабота, 21 декември 2024

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”, информираа од АД ЕСМ.

Оттаму соопштуваат дека ќе се вложат максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.

- Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании.И покрај опожарувањето на мостот „Беласица“, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа, се наведува во соопштението.свс/са/

Фото: АД ЕСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан