• сабота, 06 декември 2025

Герасимовски: „Центарска симфонија“ е новина и останува традиција

Герасимовски: „Центарска симфонија“ е новина и останува традиција

Скопје, 29 јуни 2025 (МИА) - На плочникот кај Градски ѕид синоќа се одржа „Центарска симфонија“, културна манифестација што за првпат ја организираше Општина Центар. 

Македонската музичка ѕвезда Александар Тарабунов заедно од Камерниот оркестар ги изведоа познатите мелодии од македонската и светската кинематографија како „Исправи се Делфина“, „Каде песно моја“, „До Балчак“, „Beautiful Maria of my Soul“ и многу други. За првпат, Тарабунов ја испеа и неговата нова песна насловена „Заедно“. 

- Центар останува место за најубавите културни настани. Среќен сум што синоќа „Центарска симфонија“ ги сплоти скопјани на Плочникот кај Градски ѕид. Сите во еден глас ги пееа најубавите филмски мелодии, уживаа во добра музика и се забавуваа. Оваа манифестација е новина и останува традиција. Не застануваме тука, летово ќе имаме уште многу настани во делот на културата и за истите ќе бидете навремено информирани. Ви благодарам на сите коишто дојдовте и заеднички уживавме, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. бак/вг/

Фото: Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан