• понеделник, 23 декември 2024

Запленет руски танкер во Грција

Запленет руски танкер во Грција
Атина, 19 април 2022 (МИА) – Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти, во близина на островот Евија, заплениле танкер што пловел под руско знаме, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со која танкерот останува закотвен во близина на пристаниште во Каристос, а заплената се однесува на самиот брод, а не и на нафтата што ја пренесувал. Грчките медиуми објавија дека танкерот уште од петокот е во близина на грчкиот остров откако се соочил со проблеми со моторот, а со помош на реморкер требало да биде извлечен до Пелопонез, меѓутоа поради лошото време останал закотвен на Евија. Во танкерот имало 19-член екипаж, морнари од Русија. ср/ссм/

Остани поврзан