Запалено возило во Автокоманда, отежнат сообраќајот за излез од Скопје
- Во близина на хотелот „Континентал“ во Автокоманда попладнево е запалено товарно возило.

Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Во близина на хотелот „Континентал“ во Автокоманда попладнево е запалено товарно возило.
На терен интервенира Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а сообраќајот е отежнат за излез од Скопје.
Од Противпожарната бригада повеќе детали најавуваат за подоцна. бак/ац/