• среда, 24 јули 2024

Запалени возило и гаража во Кавадарци

Запалени возило и гаража во Кавадарци

Кавадарци, 25 февруари 2024 (МИА) - Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи. 

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари. 

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

 - Оштетено е едно возило ,,голф" четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот. свд/бак/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Јанчев 
 

 
 

 

 
 
 

Остани поврзан