• понеделник, 23 декември 2024

Заниоло ги оперира лигаментите, се очекува да паузира 5-6 месеци

Заниоло ги оперира лигаментите, се очекува да паузира 5-6 месеци
Рим, 14 јануари 2020 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло успешно е опериран по кинењето на вкрстените лигаменти во десното коленото. Операцијата ја изврши д-р Маријани во клиниката „Вила Стјуарт“, специјализирана за повреди на лигаментите на спортистите. Игор Заниоло, таткото на фудбалерот, зборуваше за времето на закрепнување. - Обично рехабилитацијата трае пет до шест месеци, но ќе видиме. Сега тој треба да се фокусира да застане на нозе, а потоа ќе видиме колку е важно да не се брзаат работите. Николо Заниоло се повреди минатиот викенд на дербито со Јувентус. зс/  

Остани поврзан