• петок, 05 декември 2025

Заменик-министерот Ристески на конференцијата „Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“

Заменик-министерот Ристески на конференцијата „Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“

Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) - Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing 2025 - Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“.

Како што информираат од Министерството за економија и труд, конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електро индустрија – MAMEI и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“.

-Индустријата и производството се столбови на домашната економија и овој настан е одлична можност да размениме искуства, да ги презентираме успесите и развојот во компаниите, како и правецот во кои се движи развојот на стопанството. Владата и министерството за економија и труд се активен партнер на компаниите и преку бројни мерки го поттикнуваме нивниот економски раст и развој. На компаниите како главни извори за финансиска поддршка се обезбедените кредитни линии од Унгарскиот кредит, предвидените средтсва од програмите на министерството за економија и труд, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно Закон за финансиска поддршка на инвестициите, потенцираше заменик-министерот Ристески.

Покрај големиот број на презентации, панели и дебати, во рамки на денешната конференција свои обраќања имале и амбасадорот на Австрија Мартин Памер, директорката на делегацијата на германското стопанство во Македонија Антје Ванделт, извршниот директор на Скопски Саем Даниела Глигоровска, претседателката на Асоцијацијата на метална и електро индустрија Марта Наумовска Грнарова, како и деканот на ФИНКИ Петре Ламески. фф/дма/

Фото: Министерство за економија и труд

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан