• вторник, 05 ноември 2024

Законот е јасен, вкупниот број на населението е збир на резидентното и нерезидентното население, истакна Села

Законот е јасен, вкупниот број на населението е збир на резидентното и нерезидентното население, истакна Села
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) - Овие изјави на премиерот Зоран Заев се логика од Средниот век и се однесува како владетел, бидејќи во тоа време правата на граѓаните зависеле од добрата волја на владетелот или царот, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот дека пописот нема да доведе до ретроградни процеси. Села изјави дека точно предвидел што ќе се случува со пописот уште кога бил одложен. - Ние сме тука за да почитуваме закон, а законот е јасен, дека вкупниот број на населението е збир на резидентното и нерезидентното население. Овие изјави на премиерот се логика од Средниот век и се однесува како владетел, бидејќи во тоа време правата на граѓаните зависеле од добрата волја на владетелот или царот. Не живееме во такво време, рече Села. Ние имаме потреба, истакна тој, правата кои следуваат да бидат гарантирани и наместо празни зборови треба реално да се седне и овие дефиниции кои даваат привременост треба да се заменуваат со точни дефиниции за албанскиот јазик. фф/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан