• сабота, 11 мај 2024

Заканите кон вработени во „Канал 5“ доаѓале од 47-годишен гевгеличанец

Заканите кон вработени во „Канал 5“ доаѓале од 47-годишен гевгеличанец

Скопје, 17 јануари 2023 (МИА) - Расчистен е случајот со заканите кон вработени лица во „Канал 5“ телевизија, информираа попладнево од Секторот за односи со јавност и протокол при Министерството за внатрешни работи. Заканите, како што информираа, биле од 47-годишен гевгеличанец кој го признал делото.

- Во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, денеска во 12 часот извршен е службен разговор со 47-годишниот гевгеличанец Р.Е., поради упатени закани преку интернет кон вработени во „Канал 5“ телевизија. Р.Е. го признал делото, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Гевгелија. бд/бак/

Остани поврзан