Заврши рехабилитацијата на патот Вишни - Горна Белица - Вевчани
- Заврши рехабилитацијата на локалниот патен правец Р29288, кој ги поврзува селата Вишни - Горна Белица - Вевчани, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта

Струга, 2 ноември 2024 (МИА) - Заврши рехабилитацијата на локалниот патен правец Р29288, кој ги поврзува селата Вишни - Горна Белица - Вевчани, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта.
Работите на терен, според информацијата, ги изведе Јавното претпријатие „Македонија пат“, а вредност на инвестицијата е 22 милиони денари.
- Рехабилитацијата е направена на дел со изработка на тампонски слој од дробен камен и асфалтен слој со должина од 3.800 метри со просечна ширина од 3,1 метар. Направени се и допонителни проширувања на одредени места, стои во информацијата на ЈПДП. сс/ра
Фото: Јавно претпријатие за државни патишта