• четврток, 22 февруари 2024

Заврши реконструкцијата на главната велешка улица „8 Септември“

Заврши реконструкцијата на главната велешка  улица „8 Септември“

Велес, 7 декември 2023 (МИА) - Градежната механизација заврши со работа и асфалтирање главната велешка улица „8 Септември“ на  потегот од кружен тек во строгиот центар па се’ до Стариот мост. Воедно  речиси целосно се завршени и новите тротоари со нови рабници на оваа улица информираат за МИА од Општина Велес.

Појаснуваат   дека за реконструкција на оваа главна улица  се обезбедени над 2,5 милиони денари средства од општинскиот буџет.

Додаваат   дека Општината се одлучила целосно да ја реконструкција и  оваа главна и важна градска улица „8 Септември“, а затоа што сакала да направи една убава целина со реконструираниот центар на градот чии градежни работи  исто така се во завршна фаза,а што се  финансирани  преку ЕУ проект.

Во рамки на овој значаен проект се стесни кружниот тек во центарот на Велес,се поставија пешачки острови и се прошири главната улица во строгиот центар на градот,а за првпат се реши и повеќе деценискиот  проблемот со атмосферските води во центарот на Велес, а кои по секој пороен дожд го преплавуваа и самиот центар на градот.ад/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан