• петок, 22 ноември 2024

Заврши опремувањето на клонот на градинката во штипската населба Три Чешми

Заврши опремувањето на клонот на градинката во штипската населба Три Чешми

Штип, 9 јануари 2024 (МИА) - Штипската приградска населба Три Чешми доби простории за згрижување на децата од предшколска возраст.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека заврши уредувањето на просториите во подрачно училиште, каде што ќе се згрижуваат децата и ќе имаат услови за престој и грижа од страна на вработените од градинката „Вера Циривири-Трена“.

-Ова е нов клон, којшто ќе биде отворен во рамки на градинката „Вера Циривири-Трена“ во населбата Три Чешми, веќе се опремени просториите каде што ќе се врши воспитно-згрижуавчкиот процес, вели Јорданов.

Тој истакна дека изминатиот период се направи анкетирање на жителите, а родителите на  околу 30 деца имаат потреба за нивен престој во градинка, Јорданов вели дека во наредните денови  директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“ ќе достави барање за вработување на воспитувачки и негователки за овој клон на градинката.

Општина Штип во адаптацијата на просториите инвестираше над 1,5 милиони денари, а набавен е инвентар и наставно-образовни помагала. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан