Завршија осумдневните карневалски празнувања во Струмица
- Со симболичното враќање на клучот од градот од страна на карневалистите на градоначалникот Костадин Костадинов завршија осумдневните карневалски празнувања.

Струмица, 20 март 2024 (МИА) - Со симболичното враќање на клучот од градот од страна на карневалистите на градоначалникот Костадин Костадинов завршија осумдневните карневалски празнувања.
-Од денеска клучот од градот повторно е во мои раце и по осумдневна карневалска пауза повторно се враќам на решавање на проблемите и предизвиците на граѓаните. Ако годинашното карневалско издание беше едно од најмасовните, тогаш наредната година да биде уште помасовен, рече Костадинов.
Пред враќањето на клучот се одржа традиционалниот Тримерски посен ручек и настап на „Распеани струмичани“. Ручекот порано го подготвувал семејството на армасаната (верената) девојка во чест на гостинките кои доаѓале кај неа со идната свекрва и притоа и врачуваче подароци и со пеење еротски песни ја подготувале идната невеста за брачните должности. рт/дма/
Фото: МИА