• петок, 25 октомври 2024

Завршија годинашните истражувања на локалитетот „Видин Град“

Завршија годинашните истражувања на локалитетот „Видин Град“

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Неделава завршија годинашните истражувања на локалитетот „Видин Град“, во близина на селото Водоврати, Градско, соопштија од Институтот за национална историја.

Истражувањата беа изведени во соработка помеѓу Дамјан Донев од ЈНУ Институт за национална историја и Анита Василкова-Мидовска од ЛУ Народен музеј-Велес, а беа подржани од Министерството за култура во рамки на Програмата за подршка на проекти од национален интерес од областа на културата за 2024 година.

Беа отворени неколку контролни сонди во рамки на претпоставените некрополи на оваа античка населба, при што беа откриени нови детали околу планот, густината и местоположбата на западната некропола. Овие истражувања кои со прекини траат од 2013 година, ќе продолжат и во иднина во соработка со домашни и странски партнери.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан