• недела, 22 декември 2024

Промоција на романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски

Промоција на романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Македонскиот писател Михајло Свидерски денеска ќе гостува во Културно информативниот центар (КИЦ), по повод својот роман „Последните денови на Ханс“, во издание на „Персеј“, во превод на Тања Попова. Свидерски ќе го претстави издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, а на настанот ќе учествува и преведувачката Тања Попова.

-Во романот има загатка која веднаш ја зграпчува љубопитноста, извонреден психологизам кој го пленува читателот и пророчка длабочина со видение за невидливите кукловоди кои владеат со општеството. Германски емигранти се населиле во едно зафрлено село некаде во Јужна Америка. Тие живеат во изолација, исклучувајќи ги посетите на малиот Сантијаго, кој му служи на стариот и болникав господин Ханс. Двајцата стануваат пријатели и момчето ги впива знаењата на беспомошниот и никому нужен старец. И додека селото е потресено од насилното преземање на власта во земјата (хунта, тоталитаризам), во болната свест на старецот, кој го крие својот вистински идентитет, вилнеат сеќавања од неговото минато - како понижено, малтретирано и угнетено дете, неостварен уметник, психопат диктатор, кој го потчинил половина свет со своето влијание... Зарем тој не е поврзан и со убиствата на луѓе од селото? Роман во кој загатката не се открива до последната страница, се вели во соопштението на КИЦ.

Како што се појаснува, покрај маестрално извајаниот наратив, романот импресионира со своите болно прецизни размислувања за слободата, осаменоста, стравовите и насилството што раѓа насилство.бт/са/

Фото: плакат

Остани поврзан