• сабота, 06 декември 2025

Завршен инфраструктурниот проект на улицата „Дижон 17“

Завршен инфраструктурниот проект на улицата „Дижон 17“

Скопје, 5 јули 2025 (МИА) - Со активности за асфалтирање заокружен е инфраструктурниот проект на улицата „Дижон 17“ во општина Чаир  со финансии од Владата, а кој опфати изградба на нова фекална канализација во должина од 180 метри, како и подготовки за поставување на нова водоводна мрежа, со цел обезбедување сигурно и квалитетно снабдување со питка вода за 35 домаќинства во овој дел на општината.

Од општината денеска соопштија дека сите градежни активности биле реализирани во согласност со техничките стандарди и предвидената динамика, со што се создаваат услови за трајно подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните.

- Општина Чаир останува посветена на реализацијата на конкретни и одржливи проекти, кои директно влијаат врз секојдневието и благосостојбата на жителите во сите делови на нејзината територија, стои во соопштението.свс/лв/

Фото: Општина Чаир

Остани поврзан