Заводот за статистика ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година
- На настанот што ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија најавено е обраќање на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на вицепремиерот Фатмир Битиќи, на министерката Јована Тренчевска и на директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Државниот завод за статистика денеска ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година.
На настанот, што ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, најавено е обраќање на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.
Промотори ќе бидат д-р Горан Пенев, меѓународен експерт и Јане Крстевски, експерт од Државниот завод за статистика. дма/бак/
Фото: МИА архива