• петок, 05 декември 2025

Жител на Лојане приведен, во неговиот дом пронајдено оружје за кое немал дозвола

Жител на Лојане приведен, во неговиот дом пронајдено оружје за кое немал дозвола

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Педесет и тригодишен жител на липковското село Лојане денеска е приведен бидејќи при претрес во неговиот дом е пронајдено оружје кое го поседувал без дозвола. 

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е приведен Г.Н. и дека при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени една ловечка пушка и 50 куршуми без соодветна дозвола и потребна документација.

Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан