• петок, 22 ноември 2024

Жители од населбата Милково Брдо во Делчево бараат поставување урбана опрема на зелени јавни површини

Жители од населбата Милково Брдо во Делчево бараат поставување урбана опрема на зелени јавни површини
Делчево, 20 април 2021 (МИА) - Во тек e иницијатива за поставување урбана опрема на зелени јавни површини во населбата Милково Брдо во Делчево. За таа цел покрената е петиција од страна на жители од Рударско маало, кои по собирањето потписи, иницијативата ќе ја поднесат до Општина Делчево.
-Ви се обраќаме со барање од ваша страна да бидат обезбедени и поставени клупи на зелените простори на улицата „Пере Тошев“ кои се заведени како парцели со КП бр.5746 и КП бр.5687 во сопственост на РСМ. На овие простори децата и возрасните од населбата поминуваат доста време и би било убаво да има клупи за седење, се вели во петицијата упатена до делчевскиот градоначалник.
Како баратели на петицијата се потпишани граѓани од самата улица, а повод за нивната иницијатива е веќе постоечкото игралиште кое било започнато пред неколку години, но останало недовршено.
По собирањето на потписите од жителите од споменатото маало во населба Милково Брдо, петицијата ќе биде предададена до надлежните слу\би при Општина Делчево.
На почетокот на годината во рамки на онлајн дебатата за креирање приоритети за 2021 година, ова прашање беше поставено пред надлежните, кои тогаш најавија реализирање на ваквата иницијатива до крајот на годината. вс/мд/

Остани поврзан