• четврток, 14 ноември 2024

Жителите на Општина Чашка сметките за вода и смет од утре ќе може да ги плаќаат електронски

Жителите на Општина Чашка сметките за вода и смет од утре ќе може да ги плаќаат електронски

Велес, 30 април 2024 (МИА) - Се дигитализира Јавното претпријатие за комунали дејности „Тополка од Чашка“ што ќе овозможи од утре - 1 мај  повеќе од 2.200 домаќинства, регистрирани во над 15 населени места, во Општина Чашка , наместо во банка сметките за вода и смет наместо  ќе можат да ги плаќаат од дома онлајн преку интернет, информира за МИА градоначалникот Горан Стојановски. 

Тој им појаснува на жителите дека регистрација во е-корисник е на веб страната на претпријатието www.topolka.mk каде ќе се креира сандаче во кое за секое домаќинство ќе се креира сметка како за плаќање, така и за следење на состојбата со плаќањето на сметките Банкарската провизија ќе биде на товар на јавното комунално претпријатие „Тополка“. Онлајн плаќањето пак ќе му донесе заштеда на комуналното претпријатие и во делот на човечки ресурси.

Стојановски  информира и дека раководниот тим на ЈПКД „Тополка“ ќеможе да следи дали инкасаторот редовно ги чита броилата.

- Дигитализацијата, исто така, ќе се почувствува и во делот на помала веројатност на грешки затоа што инкасаторите ги читаат водомерите веќе со таблети од кои податоците директно се собираат во базата на податоци на комуналното претпријатие, појасни Стојановски.

Воедно ЈПКД „Тополка“ ќе може да следи дали инкасаторот редовно ги чита броилата додека се што треба да сторат граѓаните е регистрација во е-корисник на веб страната на претпријатието www.topolka.mk каде ќе се креира сандаче во кое за секое домаќинство ќе се креира сметка како за плаќање така и за следење на состојбата со плаќањето на сметките.

Стојановски потенцираше дека високо во приоритетите за квалитетна работа на општината е позиционирана дигитализацијата на услугите, со која ќе се овозможи значително олеснување на услугите за граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност.

Оваа услуга е дел од  проект „Современи услуги за ЈПКД Тополка“, за кој Општина Чашка  преку Бирото за регионален развој обезбеди финансиски средства во висина од од 1.6 милиони денари. ад/сст/

фото Општина Чашка

 

 

 



 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан