Жителите на Долна и Горна Бањица протестираат против експропријацијата за потребите на Коридорот 8
- Педесетина жители од селата Горна и Долна Бањица го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и три часа не пропуштаа возила во знак на револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата за потребите на Коридорот 8. Од протестот тие најавија дека од идната недела ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка.
Гостивар, 6 јануари 2024 (МИА) - Педесетина жители од селата Горна и Долна Бањица го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и три часа не пропуштаа возила во знак на револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата за потребите на Коридорот 8. Од протестот тие најавија дека од идната недела ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка.
На протестот мештаните уште еднаш искажаа револт од како што рекоа игнорантскиот однос на властите и другите институции во решавањето на ова прашање и како што кажаа, никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес.
Насир Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор.
- Не сме против за тоа каде поминува патот, ама немаме увид во нивните планови. Како што разбравме деновиве на нашите ниви ќе се прават кампови и логистика. Таа земја ќе остане на РМ и нема да ни се врати. Добиваме поддршка и од нашите соседи од селата Здуње и Дебреше кои исто така не се задоволни од експропријацијата, рече Асипи.
Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на Кородорот 8 добиле решенија за трајно одземање. Некои на протестот реагираа дека им е одредена минимална цена.
- Од идната недела ќе почнеме со сеидба и нема да им дозволиме на работниците од Бехтел и Енка да се приближат. Од понеделник протестите ќе се зголемат и ќе им ги блокираме градежните работи, дециден беше Асипи. згм/аа/
Фото: МИА