• среда, 15 мај 2024

Жиру: Милан има голема шанса да ја освои ЛШ, имам 37 години, но сум помотивиран од било кога

Жиру: Милан има голема шанса да ја освои ЛШ, имам 37 години, но сум помотивиран од било кога

Милано, 9 мај 2023 (МИА) - Оливие Жиру смета дека Милан може да ја освои Лигата на шампионите.

 

- Сега сум помотивиран од кога било. Мислам дека ова е одлична можност да ја освоиме Лигата на шампионите. Имам 37 години, но мотивиран сум исто како млад човек. Дербито е секогаш посебен натпревар. Горд сум на Милан и се надевам дека утре ќе постигнеме нешто големо. На ова ниво, дури и најмалите детали влијаат на исходот. Амбициозни сме и сакаме да веруваме во победа. Знаеме дека можеме да победиме, но треба да одиме чекор по чекор. Ќе видиме што имаат Реал Мадрид и Манчестер сити, но во моментов се фокусираме на Интер. Милан е посебен клуб. Минатата година не можев да барам повеќе од Скудетото. Горд сум на она што го прави нашиот тим, изјави напаѓачот на Милан во пресрет на натпреварот против Интер.

Големото миланско дерби, овој пат во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се игра утревечер со почеток во 21 часот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан