• среда, 15 мај 2024

Жиру и Милан договорија продолжување на соработката

Жиру и Милан договорија продолжување на соработката

Милано, 30 март 2023 (МИА) - Оливие Жиру се согласи да го продолжи договорот со калчолигашот Милан.

 

Триесет и шестгодишниот напаѓач се договори за нова соработка до јуни 2024 година со плата од 3,8 милиони евра по сезона плус бонуси. На лето, напаѓачот ќе може да замине бесплатно.

 

Актуелниот договор на Жиру со „Росонерите“ е со важност до 30 јуни 2023 година.

 

Французинот на 24 натпревари од сезоната во Серија А има осум гола и четири асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан