• четврток, 02 мај 2024

Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет откажана бидејќи Србија се најде во иста група со Косово

Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет откажана бидејќи Србија се најде во иста група со Косово

Копехаген, 21 март 2024 (МИА) - Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет 2026 година беше прекината, а потоа повторена поради репрезентациите на Србија и Косово.

Причина за прекинот на ждрепката и новото извлекување е тоа што двете земји се најдоа во иста група.

Бидејќи е утврдено, според правилата, дека Србија и Косово не можат да играат меѓусебно, ждрепката беше повторена.

„Орлите“ беа сместени во групата четири, со Летонија, Италија и Шпанија, но дури откако се повтори ждрепката.

Континенталниот шампионат во 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, а составот на осумте квалификациски групи беше решен со ждрепка. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан