• недела, 21 јули 2024

ЕУ обезбеди 194 милиони евра за обука на украинските војници

ЕУ обезбеди 194 милиони евра за обука на украинските војници

Брисел, 28 ноември 2023 (МИА) – Европската унија се согласи да обезбеди дополнителни 194 милиони евра (213 милиони долари) за опрема и обука на украинските војници.

Финансиската „инјекција“ има за цел да им помогне на земјите од ЕУ да го обезбедат потребниот материјал, објавија во вторникот земјите од ЕУ.

Парите се канализираат преку Мисијата за воена помош на Европската унија (ЕУМАМ) за поддршка на Украина.

Според достапните информации, повеќе од 34.000 војници веќе се обучени во рамките на оваа програма.

Мисијата за обука на ЕУ беше договорена минатата година од министрите за надворешни работи на земјите-членки. јт/

Фото: Бундесвер

Остани поврзан