• петок, 22 ноември 2024

Вилијам Лаи: Тајван мора да го заштити својот суверенитет и да ја знае својата историја

Вилијам Лаи: Тајван мора да го заштити својот суверенитет и да ја знае својата историја

Тајпеј, 21 јули 2024 (МИА) - Тајван мора да го заштити својот суверенитет и да ја знае сопствената култура и историја, изјави денеска претседателот Вилијам Лаи, отфрлајќи го „погрешното верување“ дека островот може да послужи како база за „преземање“ од Кина, објавија британските медиуми.

Лаи, кој ја презеде функцијата во мај, и неговата владејачка Демократска прогресивна партија (ДПП) се залагаат за одвоениот идентитет на Тајван од Кина. Пекинг, пак, го гледа островот како неотуѓив дел од кинеската територија.

Во говорот на годишната конференција на ДПП, претседателот истакна дека луѓето кои се бореле да ја донесат демократијата во Тајван пред да падне воениот закон во 1987 година, имале јасна претстава за местото на островот во светот.

-Тие „не се двоумеле да ја пролеат својата крв и да ги ризикуваат своите животи за да го разоткријат погрешното верување дека „Тајван е база за преземање на копното (на Кина)“ и ја започнаа националната политика за ставање на Тајван на прво место“, рече Лаи, кој е воедно и претседател на ДПП.

„Сега наша одговорност е да ги обединиме луѓето, да се спротивставиме на анексијата (од Кина) и да го заштитиме националниот суверенитет“, рече Ли.

Кинеската канцеларија за прашања на Тајван сè уште не ја коментираше изјавата, но Пекинг го нарекува Лаи „сепаратист“.

Претседателот на Тајван ги отфрли тврдењата на Кина за суверенитет, велејќи дека само народот на Тајван може да одлучи за нивната иднина. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан