• сабота, 23 ноември 2024

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло  

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло  

Брисел, 9 септември 2023 (МИА) - Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас Јагли Зејтини“. 

Станува збор за трпезни маслинки со црно-виолетова боја од сортата „Мемеџик“ одгледувани во реонот на Милас во југозападна Турција, ферментирани во саламура и конзервирани во маслиново масло произведено од истата сорта со свежи парчиња лимон. 

Специфичноста на маслинките е условена од климатските услови во регионот во кој растат, а конзервирањето во маслиновото масло и лимон ги подобрува нивниот природен вкус и арома. 

Маслинките „Милас Јагли Зејтини“ станаа 1654 земјоделски производ на листата на стоки на ЕУ со ознака за заштитено потекло. сп/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан