ЕУ ги советува авиокомпаниите да бидат внимателни во воздушните простори на Израел и Иран
- Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА) денеска испрати е-пошта до авиокомпаниите во која ги советува да бидат внимателни во воздушниот простор на Израел и Иран.

Брисел, 15 април 2024 (МИА) - Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА) денеска испрати е-пошта до авиокомпаниите во која ги советува да бидат внимателни во воздушниот простор на Израел и Иран.
Во е-поштата се наведува дека ЕАСА и Европската комисија „ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата за да го проценат потенцијалниот ризик за операторите на авиони во ЕУ и ќе бидат подготвени да дејствуваат како што налагаат околностите“.
Досегашните совети во врска со Израел вклучуваат претпазливост во израелскиот воздушен простор и 185 километри подалеку од него, како и претпазливост во околината на Техеран, бидејќи „постои зголемен потенцијал за погрешно проценување и/или погрешна идентификација“. рп/
Фото: МИА архива