• четврток, 26 март 2026

ЕУ воведе санкции врз поединци и субјекти одговорни за дестабилизација на Молдавија

ЕУ воведе санкции врз поединци и субјекти одговорни за дестабилизација на Молдавија

Брисел, 15 јули 2025 (МИА) - Советот на Европската Унија денеска објави дека вовел санкции врз седум поединци и три субјекти „одговорни за дејствија насочени кон дестабилизација“ на демократијата во Молдавија.

Во соопштението се наведува дека некои од санкционираните лица „биле активно вклучени во шеми за купување гласови, во контекст на претседателските избори и уставниот референдум за пристапување во ЕУ во 2024 година“.

Додадено е дека санкционираните лица биле вклучени и во „поткуп за корумпирање на неколку политичари“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан