• недела, 22 декември 2024

Еурофарм Пелистер со пораз го заврши настапот во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер со пораз го заврши настапот во Лигата на шампиони

 

Трондхајм, 6 март 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер без освоен бод го заврши настапот во Лигата на шампиони, откако загуби вечерва на гостувањето во Трондхајм од норвешки Колштад со 34-27 во завршниот натпревар од групата А.

Без неколку стандардни првотимци во вечерашниот состав, Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот беше во резултатска негатива која на полувреме изнесуваше четири голови разлика (17-13).

Норвешкиот тим без поголеми проблеми ја одржуваше предноста и во вториот дел, а со серија од 6-2 во финишот на крајот дојде и до убедлива победа.

Најефикасен во редовите на битолскиот состав беше Урош Борзаш со десет голови.

Македонскиот шампион го заврши настапот во групната фаза со 12 порази во исто толку натпревари. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан