• понеделник, 13 мај 2024

Еурофарм Пелистер победник на турнирот во Охрид

Еурофарм Пелистер победник на турнирот во Охрид

Охрид, 27 август 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер е победник на вториот меморијален турнир во ракомет „Крсте Андоновски“ што се одржуваше во Охрид. 

 

Битолчани синоќа во финалето го победија Олимпијакос од Грција со 30:27.

 

За најкорисен играч (МВП) на турнирот е прогласен Ненад Костески од Еурофарм Пелистер. Костески беше и најдобар стрелец во финалниот натпревар. зс/

Остани поврзан