• четврток, 05 декември 2024

Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури, препорачуваат агрометеоролозите

Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури, препорачуваат агрометеоролозите

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури поради недоволно врнежи, велат агрометеоролозите. Тие препорачуваат и полевање на зеленчуковите насади, бидејќи, како што објаснуваат, може да дојде до засушување во раните етапи од развојот.

Останува препораката да се применуваат правилни агротехнички мерки: наводнување, обезбедување на потребните количества хранливи материи за поголема отпорност кон  зимски мразеви, примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики и добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво,... 

-Изминатите денови времето беше стабилно и претежно тивко со студени утра. По одделни котлини имаше појава на утринска магла или ниска облачност. Есенската сеидба е веќе почната кај некои култури, а кај некои е веќе при крај. Кај сите култури, па и кај пченицата, првата фаза - никнење, е многу значајна за нормален склоп и почетен развиток. При подолгото отсуство на врнежи, има појава на есенска суша која може да влијае негативно врз сеидбата на есенските култури и нивно поникнување. Во вакви услови, доколку културите поникнат, влегуваат во зимата недоволно потготвени и може да претрпат штети од ниски зимски температури. Затоа е потребно залевање со мала залевна норма веднаш по сеидбата. Оваа залевање ќе овозможи и нормално братење и презимување, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Воедно потсетуваат дека според прогнозите, продолжува периодот на стабилно и суво време. мч/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан