Ерупција на вулканот Пакаја во Гватемала
- Вулканот Пакаја, оддалечен 20 километри од главниот град Гватемала повторно исфрла лава и чад, а експертите ја следат зголемената активност поради можна опасност по локланите жители

Гватемала, 4 март 2021 (МИА) - Вулканот Пакаја, оддалечен 20 километри од главниот град Гватемала повторно исфрла лава и чад, а експертите ја следат зголемената активност поради можна опасност по локланите жители.
Но, се уште не е наредена евакуација на околу 3.000 луѓе кои живеат во близина на вулканот.
- Вулканот Пакаја има многу високо ниво на активност, што предизвика ерупција од стромболиски тип, со силни експлозии, се наведува во соопштението од Институтот за сеизмологија, вулканологија и метеорологија. ми/