• петок, 15 ноември 2024

Ердоган: На Нетанјаху ќе му се суди како на воен злосторник за офанзивата во Газа

Ердоган: На Нетанјаху ќе му се суди како на воен злосторник за офанзивата во Газа

Анкара, 4 декември 2023 (МИА)  - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на крајот ќе му се суди како воен злосторник за израелската офанзива во Појасот Газа.

Британските медиуми пренесуваат дека турскиот претседател во говор на состанокот на комитетот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во Истанбул, кажа дека Газа е палестинска земја и секогаш ќе им припаѓа на Палестинците, а израелскиот премиер повторно го нарече „касап“. 

-Касапот на Газа, Нетанјаху, пред камери призна дека неговите експанзионистички цели не се ограничени само на Рамала и Газа. Затоа, одбраната на Газа и Палестина денеска истовремено значи и одбрана на Ерусалим, Мека, Медина, Дамаск, Истанбул и други исламски градови, рече Ердоган, пренесен од лондонски Гардијан. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан