• сабота, 27 јули 2024

Емирот на Катар го критикува Израел за „геноцид“ во Газа

Емирот на Катар го критикува Израел за „геноцид“ во Газа

Каиро, 5 декември 2023 (МИА) – Катарскиот емир Тамим бин Хамад изјави дека самоодбраната не го оправдува, како што го опиша, „геноцидот извршен од израелските сили во Појасот Газа“, пренесува ДПА.

- Самоодбраната не се однесува на окупацијата, според меѓународното право, и не дозволува геноцидни злосторства извршени од Израел, рече тој обраќајќи се на самитот на Заливот во Доха.

Тој рече дека израелските сили „ги прекршиле сите религиозни, етички и хуманитарни вредности … со извршување на злосторства против човештвото“.

Катарскиот емир ги повика Обединетите нации да спроведат меѓународна истрага за „масакри извршени од израелските окупациски власти врз палестинскиот народ“. јт/

Фото: Х

Остани поврзан