• понеделник, 20 мај 2024

Емери по победата над Тотенхем: Овој натпревар ја покажува вистинската сила и класа на нашиот тим

Емери по победата над Тотенхем: Овој натпревар ја покажува вистинската сила и класа на нашиот тим

Лондон, 2 јануари 2023 (МИА) - Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, ги сумираше впечатоците од натпреварот од 18. коло на шампионатот на Англија против Тотенхем. Тимот од Бирмингем победи со 2:0 на теренот на Тотенхем.

- Зборуваме за натпреварот кој ја покажува вистинската сила и класа на нашиот тим. Мислам дека одигравме многу добро во одбраната, создадовме шанси пре дпротивничкиот гол и генерално се чувствувавме самоуверено. На домашен терен Тотенхем е силен, понекогаш играјќи натпревари поотворено од вообичаено, а по анализи сфативме дека треба да играме дефанзивно, притоа да се трудиме да не ги трошиме шансите за гол. И ние го направивме тоа, изјави Емери за „Фудбал Лондон“.

Астон вила е 12-та во поредокот во Премие рлигата со 21 бод од 17 натпревари. Тотенхем е петти со 30 бодови. зс/

Остани поврзан