• вторник, 14 мај 2024

Емери за поразот од Манчестер јунајтед: Имавме фантастични 60 минути

Емери за поразот од Манчестер јунајтед: Имавме фантастични 60 минути

Манчестер, 27 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, се осврна на натпреварот од 19. коло на Премиер лигата против Манчестер јунајтед. Неговиот тим загуби со 3:2, иако по еден час игра водеше со 2:0. 

- Тоа беа фантастични 60 минути, фантастични. Го контролиравме натпреварот и одигравме многу добро. По првото полувреме во соблекувалната рековме дека ако постигнат еден гол може да се случи кам-бек. Се боревме многу добро, но не издржавме. Тие за 20 минути постигнаа три гола. Ова беше нивниот најдобар период. Манчестер јунајтед се многу добар тим со одлични играчи. Мора да се помириме со поразот и сега единствена цел ми е да ја започнам успешно втората полусезона против Барнли в сабота, изјави Емери за „BBC“. 

Со поразот од Јунајтед заврши серијата без пораз на Астон вила од седум натпревари (5 победи и 2 нерешени. 

Тимот на Унаи Емери е трет на табелата во Премиер лигата со 39 бодови. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан