• понеделник, 23 декември 2024

ЕК ќе обезбеди 68 милони евра за поддршка на Палестинците и уште 50 милиони евра за УНРВА

ЕК ќе обезбеди 68 милони евра за поддршка на Палестинците и уште 50 милиони евра за УНРВА

Брисел, 1 март 2024 (МИА) - Европската комисија најави дека ќе додели дополнителни 68 милиони евра за поддршка на Палестинците и следната недела ќе ослободи 50 милиони евра за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNWRA).

Забележано е дека со овие одлуки се надополнува намерата годинава на УНРВА да и се обезбедат 82 милиони евра. До крајот на годинава ЕУ на Палестинците им обезбедува хуманитарна помош за 125 милиони евра.

Комисијата додаде дека агенцијата на ОН е посветена на проверката на наводите дека нејзиниот персонал бил вмешан во нападот врз Израел на 7 октомври минатата година и на темелната проверка на целиот нејзин персонал. Кога ќе се исполнат овие обврски, агенцијата ќе добие пристап до уште 16 милиони евра од ЕУ, се додава во соопштението на ЕК.сд/ 

фото;МИА архива

Остани поврзан