• петок, 05 декември 2025

ЕК го поздрави инклузивниот изборен процес во Косово и бара почитување на резултатите 

ЕК го поздрави инклузивниот изборен процес во Косово и бара почитување на резултатите 

Брисел, 11 ноември 2025 (МИА) - Европската комисија го поздравува регулираното и инклузивно спроведување на локалните изборите во Косово во неделата и повикува на брзо потврдување и спроведување на изборните резултати, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. 

Во однос на санкциите воведени кон Приштина поради ескалацијата на состојбите на северот од Косово, Хипер истакна дека Комисијата веќе презеде некои чекори за постепено нивно укинување уште во мај годинава.  

- Поконкретно, Комисијата предложи проекти за техничка помош за потенцијални идни инвестиции во рамките на Механизмот за реформи и раст, рече Хипер, додавајќи дека за следни чекори кон укинување на мерките услов е обезбедување на одржлива деескалација на состојбата на северот од Косово. сп/ссм/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан